Според последните извештаи од Италија, Кристијано Роналдо нема да игра вечерва против Лацио.
Јувентус во дерби рундата го чека Лацио од 20:45 часот и му треба победа за да остане во трката за шампионот, но тимот на Андреа Пирлo има големи проблеми.
Роналдо не е целосно подготвен и може да биде изоставен за овој натпревар, бидејќи Јувентус во среда ќе има важен дуел со Порто на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Бидејќи Јуве беше поразен со 2:1 во Португалија, јасно е дека ќе биде потребен свеж и одморен Роналдо на реваншот. Освен Роналдо, вечерва исто така ги нема повредените Кјелини и Дибала, додека Џанлука Фработа е суспендиран.
Алваро Мората сè уште не е на сто проценти откако се бореше со вирусна инфекција, иако погоди против Специја во средината на неделава откако влезе од клупата.
На Лацио му недостасуваат Мануел Лазари, Луиз Фелипе и Стефан Раду.