Фудбалерите на Јувентус вечерва ќе играат против Манчестер Јунајтед, натпревар од третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Јувентус оваа сезона е еден од најголемите фаворити за освојување на титулата во Лигата на шампионите, но јасно е дека нивниот пат ќе биде исклучително тежок. Веќе вечерва, Масимилиано Алегри очекува тежок натпревар на Олд Трафорд, каде што ќе игра против Манчестер Јунајтед.
Жозе Мурињо објави дека неговиот тим ќе продолжи да победува и дека тој верува дека може да се справи со шампионот на Италија. Од друга страна, медиумите од Апенините пренесуваат дека Алегри ќе ја промени формацијата за вечерашниот натпревар и дека неговиот тим ќе игра во формација 4-4-2.
Нај истурен во нападот, најверојатно, ќе бидат Кристијано Роналдо и Пауло Дибала, а Марио Манџукиќ ќе остане на клупата. Она што е сигурно е дека Миралем Пјаниќ ќе игра од првата минута.
Најверојатно составот на Јувентус ќе изгледа вака: Шчесен, Кансело, Бонучи, Киелини, Алекс Сандро, Квадрадо, Матуиди, Пјаниќ, Бентанкур, Дибала, Роналдо.