Бјанконерите не се подготвени да потрошат многу пари за францускиот играч од средниот ред кој го сака Реал Мадрид
Разеделбата на Пол Погба со Манчестер Јунајтед се очекува да дојде на крајот летово.
На францускиот играч од средниот ред му треба ново искуство, а клубовите заинтересирани за него се Реал Мадрид и Јувентус.
Сепак, италијанскиот весник „Tuttosport“ пишува дека Бјанконерите немаат намера да трошат многу пари на Погба.
Јуве е заинтересиран за светскиот шампион со Франција, но италијанскиот шампион знае дека 26-годишниот играч е скап.
Јунајтед бара најмалку 150 милиони евра за играчот, кој на крајот би можел да заврши во Мадрид, откако тренерот Зинедин Зидан му се восхитува.
Поранешниот играч на Јувентус покажа интерес и за ПСЖ.