ФУДБАЛ

Јувентус „загриза“: Го посакува Погба, вклучува двајца играчи во трансферот

Францускиот репрезентативец Пол Погба би можел да се врати во Јувентус.

Во последно време се повеќе се шпекулира за фудбалската иднина на францускиот играч за врска, а се поизвесно е дека тој ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед на лето.

Погба се поврзува со бројни клубови, но странските медиуми денес пренесуваат дека тој е најблизу до враќање во редовите на Старата дама.

Наводно, италијанскиот клуб не е подготвен да ги исполни финансиските услови на Јунајтед, но од друга страна, Јувентус преку посредници ги известил челниците на Јунајтед дека е подготвен во трансферот да ги вклучи Пауло Дибала и Федерико Бернардески.

Одговорот на Јунајтед на оваа понуда сè уште не пристигнал, но сигурно е дека англискиот клуб нема намера да ја спушти цената и покрај тоа што менаџерот на францускиот играч Мино Раиола изјави дека неговиот играч нема да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“.

Да потсетиме, Погба играше за Јувентус од 2012 до 2016 година, од каде се пресели во Јунајтед, а оваа сезона одигра десет натпревари во шампионатот и постигна еден гол.