Фудбалски федерации на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ), на состанокот во седиштето на организацијата во парагвајскиот град Лук, донесе едногласна одлука да не учествува на Светското првенство во фудбал доколку се организира на секои две години.
„Нема никаква причина, корист или оправдување за промената што ја промовира ФИФА. Со оглед на тоа, десетте земји кои го сочинуваат КОНМЕБОЛ потврдуваат дека нема да учествуваат на Светското првенство кое би се организирало на секои две години“, се вели во соопштението на Советот на фудбалски федерации на Јужна Америка.
Како што се наведува, „проектот и врти грб на речиси стогодишната светска фудбалска традиција, занемарувајќи ја историјата на еден од најважните спортски настани на планетата“.
„КОНМЕБОЛ го поддржува Светското првенство, кое е моментално на сила, бидејќи се покажа како успешен модел кој ги наградува трудот, талентот и работата “, се заклучува во соопштението.