ФУДБАЛ

Каде е денес братот на Рио Фердинанд, Антон?

Рио Фердинанд одлучи пред неколку години да ја заврши својата кариера, која беше на завидно ниво а најголемите успеси ги направи во дресот на Манчестер Јунајтед.

Сепак, покрај него, добро се сеќаваме на неговиот брат Антон, кој сé уште активно игра фудбал. Антон Фердинанд го памтиме по натпреварите во Премиер лигата, а нај запазен беше во дресот на Вест Хем, каде што дебитирае на големата сцена во 2003 година.

Овој 33-годишен дефанзивец го напушти Вест Хем во текот на летото 2008 година, а подоцна играше за Сандерленд и КПР, што се однесува на Премиер лигата. Многумина беа изненадени во 2013 година кога замина за Бурсаспор на позајмица, а само неколку месеци подоцна потпиша за Анталијаспор.

Иако некое време не сме слушнале за него, тој сè уште е на сцената, а синоќа тој дебитираше за шкотскиот Св. Мирен, во кој дојде од Саутенд Јунајтед. На дебито му честиташе својот постар брат, Рио.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига