Ливерпул беше поразен во финалето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид со резултат 1:0.
Иако „црвените“ беа подобриот тим во поголемиот дел од натпреварот, „кралевите“ на крајот постигнаа гол и дојдоа до титулата најдобар тим во Европа.
Постои големо разочарување кај играчите на Ливерпул. Менаџерот Јирген Клоп ги пробува страстите.
“Никој во соблекувалната веќе не мисли дека имавме одлична сезона. Ќе ни требаат неколку часа да свариме се. Одигравме добар, но не и совршен натпревар. Не е можен совршен натпревар против ривал кој игра толку длабока формација” речр Клоп.
“Имавме многу шанси, но немаше јасни шанси. Примивме гол од аут од нафрлување. Валверде сакаше да шутира, а Виникус беше таму. Се обидовме со се, особено откако примивме гол. Сакавме да биди похрабри“.
„Можевме да играме подобар фудбал. Мадрид можеше, но тие не играа. Играа како што треба. Тие не направија ништо освен да постигнат гол. Тие постигнаа гол од еден удар, ние не постигнавмр од девет.
Клоп изјави дека Ливерпул и следната сезона ќе игра финале.
„Чувството е чудно. Не е лошо да се стигне до финалето, и некако е успех, но не таков каков што сакате“, рече Клоп и додаде:
“Имам претчувство дека повторно ќе играме финале. Овие момци се конкурентни, тие се одлична група и ќе бидеме и следната сезона. Каде е финалето следната сезона? Истанбул? Резервирајте хотел”, рече Клоп.