Фудбалскиот клуб Евертон минува низ една од најлудите сезони.
Минатата година речиси и да не испаднеа, а потоа Шон Дајче по којзнае кој пат покажа дека е махер и дека едноставно, не може да испадне.
Евертон вчера го доби четвртиот натпревар без примен гол, што последен пат му се случи во 2002 година.
На Евертон неодамна му беа одземени 10 бода, а во тоа време многумина ги гледаа како сигурни патници во Чемпионшип, бидејќи автоматски паднаа на второто место на табелата.
Но, тогаш Евертон тргна во брзина и започна неверојатна серија.
Евертон има скор од 8-2-7 и доколку не му се одземат бодовите, би имале 26 и би биле изедначени на осмото место со Брајтон, само еден зад Манчестер Јунајтед.
Во превод, Евертон ќе се бореше за пласман во Европа да не останеше без 10 бода.
Она што е сигурно, Шон Дајче ќе го задржи Евертон во елитата.
