ФУДБАЛ

Каде ќе ја продолжи кариерата Агуеро?

Манчестер Сити вечерва објави дека Серхио Агуеро ги напушта редовите на тој клуб на крајот од сезоната.

По 10 години, Агуеро го напушта „Етихад“ каде дефинитивно остави неизбришлива трага и ќе се смета за најголема легенда на клубот.

Агуеро сега треба да ја заврши сезоната во дресот на Сити, а во меѓувреме сите со нетрпение очекуваат да открие во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

Според информациите што ги има секогаш сигурниот новинар Фабрицио Романо, многу клубови веќе се обратиле до агентот на Агуеро со желба да му понудат договор.

Исто така, се наведува дека Барселона е една од опциите, можеби најреална во овој момент, но Аргентинецот сака прво да одмори, да одвои малку време и на крајот на сезоната да донесе конечна одлука.