ФУДБАЛ

Каде ќе ја продолжи кариерата ѕвездата на Дортмунд, во Премиер лигата или Ла Лига?

Англискиот талент на Дортмунд би сакал да игра во Ла Лига, наместо да се врати во Премиер лигата

Џејдон Санчо не би сакал враќање во британскиот фудбал.

Англискиот талент блеска во Бундес-лигата со Борусија Дортмунд и би можел да ја напушти Германија на крајот на сезоната.

Странските медиуми објавија дека англискиот репрезентативец би можел да заврши во Англија, во Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити или Ливерпул.

Но, британскиот весник „Дејли Стар“ пишува дека офанзивниот играч повеќе би сакал да замине во Шпанија, да игра во Барселона или Реал Мадрид.

Санчо е еден од најголемите таленти на европскиот фудбал денес.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаЛа Лига