ФУДБАЛ

Каде ќе оди Тухел?

Томас Тухел е без работа од септември кога доби отказ од Челзи, но во новата сезона би требало да се најде во Ла Лига.

Германскиот стручњак ја загуби довербата на Тод Бели, новиот газда на клубот од Стемфорд Бриџ по поразот од Динамо во првото коло од групата на Лигата на шампионите, а го наследи Греам Потер.

Тухел во меѓувреме се поврзуваше со голем број важни тренерски позиции, па дури и како можен селектор на англиската репрезентација. Сепак, тоа барем засега нема да се случи, бидејќи Герет Саутгејт ја задржа функцијата менаџер барем до ЕП 2024 во Германија.

Сепак, има информации дека Тухел сериозно почнал да учи шпански бидејќи се очекува следната сезона да води силен тим во Примера. Карло Анчелоти тешко ќе ја загуби работата во Реал Мадрид, иако никогаш не се знае со Флорентино Перез, особено ако клубот не освои ништо оваа сезона. Италијанецот има договор до крајот на 2024 година.

 

Чави Ернандез засега добро притиска во Примера, иако клубот не е задоволен од испаѓањето од Лигата на шампионите. Сепак, доколку Барселона го освои домашното првенство, Чави речиси сигурно ќе остане на клупата.

 

Најсериозна опција е да го замени Диего Симеоне, кој единаесет години е во Атлетико Мадрид, а клубот стагнира последните две сезони. Многумина се незадоволни од начинот на кој Аргентинецот го води тимот, па шпанските медиуми тесно го поврзуваат Тухел со преселба во Атлетико.

ПОВРЗАНО

Ла Лига