Финалето на Лигата на шампионите оваа сезона нема да се игра во руски Санкт Петербург.
Оваа одлука е донесена по сите неодамнешни настани на релација Русија-Украина, а Русите утрово ја нападнаа Украина.
Од безбедносни причини, УЕФА одлучи да го смени домаќинот на финалниот натпревар.
Како што стојат работите, финалето ќе се игра во Лондон, а во игра се четири стадиони.
Првично беше најавено дека Вембли повторно ќе биде домаќин на финалниот натпревар, а сега во игра се уште три стадиони во Лондон.
Станува збор за Олимпискиот стадион и домот на Вест Хем Јунајтед, потоа стадионот на Тотенхем и стадионот Емирати, каде тимот на Арсенал ги игра домашните натпревари.
УЕФА во наредните денови треба да донесе конечна одлука по прашањето за стадионот домаќин на Лигата на шампионите оваа сезона.