ФУДБАЛ

Каде му е мотивацијата на СМС?

Италијанските медиуми критички се настроија кон играчот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ по поразот од Ајнтрахт (1:4) во второто коло на Лигата на Европа.

Небесноплавите играа исклучително лошо во Франфурт, што резултираше со пораз, а медиумите од Италија, како еден од главните виновници, го гледаат српскиот репрезентативец.

“Сергеј стана случај за кој мора да се размислува. Повеќе ништо не може на терен, неможе едно додавање да направи, не може да креира, да игра добро во одбрана… Баш ништо. Како да ја загуби мотивација кога потпиша нов договор. Треба да се угледа на Имобиле, кој се бори за секоја топка, а исто така неодамна го продолжи договорот “, пишува Калчометрико.

Српскиот претставник, кој за време на летот беше поврзан со многу европски гиганти, постигна осум гола оваа сезона и една асистенција.