ФУДБАЛ

Каде отидоа машините од Бернабеу? Реал Мадрид ја воодушеви шпанската јавност

Снежното невреме го погоди поголемиот дел од Шпанија, и предизвика многу проблеми во главниот град на оваа земја – Мадрид.

Натпреварот Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао беше одложен поради обилниот снег во Мадрид бидејќи не се навикнати на вакво време во овој град.

Во последните 50 години не падна толку снег во Мадрид, така што градот беше во тотален хаос веќе неколку дена и нема потреба да се зборува за колапс во сообраќајот.

Кралскиот клуб исто така одлучи да помогне во акцијата за расчистување на снегот во Мадрид. Имено, познато е дека Сантијаго Бернабеу во моментов е во фаза на реновирање, па клубот излезе со одлична идеја.

Имено, челниците на Реал Мадрид решија да помогнат во чистење на снегот со позајмување на повеќето машини што беа на стадионот, а овој потег ја воодушеви јавноста во Шпанија.

Работата на стадионот во моментов беше стопирана поради лошите временски услови, но работниците добија задача да помогнат во акцијата за расчистување на снегот во Мадрид.