Диего Армандо Марадона почина во средината на неделата на 60-годишна возраст, а фудбалскиот свет сè уште се збогува со легендарниот Аргентинец.
Марадона го одигра натпреварот на својот живот на 22 јуни 1986 година, кога постигна два гола против Англичаните на Светското првенство во разлика од четири минути.
Првиот погодок беше „Божјата рака“, додека вториот беше неофицијално избран за гол на векот откако ја разбрануваше целата одбрана на Англија.
Дресот од славниот натпревар заврши во рацете на Стеф Хоџ, кој случајно успеа да го размени дресот со Ел Пибе во тунелот.
“Тоа се случи случајно. Тој ми го даде во тунелот по натпреварот. Влегов во соблекувалната, Робсон им рече нешто на играчите, никој не погледна да види дали имам дрес или не. Никој ништо не ми кажа. Го ставив во торбата и го зедов со мене”, рече Хоџ.
Од 1986 до 2002 година, Хоџ го чуваше дресот во својот дом. Потоа направи аукција со надеж дека ќе заработи огромни пари, но тоа не се случи.
На крајот, дресот на Хоџ беше дониран на Националниот фудбалски музеј во Манчестер, каде што дресот се наоѓа и денес. За да го видите овој дрес треба да платите 11 фунти колку што е цената на билетот за да влезете во музејот.