ФУДБАЛ

Кагава се врати во Јапонија

Шинџи Кагава се врати во родната Јапонија.

Јапонскиот фудбалер реши да се врати на местото каде што ја започна кариерата – во Серезо Осака. Станува збор за играч кој го паметиме од периодот кога настапуваше за Борусија Дортмунд, а во 2012 година беше префрлен во Манчестер Јунајтед за 16 милиони евра.

Две години подоцна се врати во Дортмунд за половина сума, бидејќи не се снајде најдобро во англискиот клуб.

Потоа играше половина сезона во Бешикташ како позајмен во 2019 година, пред да замине во Шпанија во летото истата година и да го претставува Реал Сарагоса. Потоа потпиша за грчки ПАОК, а последен клуб во Европа му беше белгискиот Синт-Трујден.

Кагава сега има 33 години и ќе видиме како ќе изгледа неговото враќање во јапонскиот фудбал.