ФУДБАЛ

Каи Хаверц го напушти германскиот репрезентативен камп поради Челзи

Одличниот германски фудбалер е на прагот да потпише за Челзи.

Хаверц ја напушти базата на германската репрезентација во Штутгарт за да отпатува за Лондон и се верува дека тој официјално ќе стане новиот играч на „сините“ во следните 48 дена.

Прво ќе изврши лекарски прегледи, а потоа ќе го потпише договорот. Баер Леверкузен ќе добие отштета од 100 милиони евра.

Челзи ова лето веќе направи неколку големи трансфери, па на крајот доаѓањето на Хаверц дојде само како шлаг на тортата.