ФУДБАЛ

Кај Сари е вишок, а на Мурињо му пристигнува како спас

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, во голема мера бара засилувања за во јануари.

Мурињо сака играч кој ќе му помогне да ја поправи сезоната, а меѓу оние кои би можеле да стигнат на Олд Трафорд е нигерискиот фудбалер Виктор Мозес.

Овој 27-годишен со новиот менаџер Маурицио Сари е заборавен во Челзи. Тој започнал само една игра оваа сезона и обложувалниците ставаат коефициент дека Мозес ќе го напушти клубот.

Според англиските обложувалници Манчестер Јунајтед има најголеми шанси за доведување. Тие се уверени дека Мурињо ќе се обиде да го доведе на Олд Трафорд, па им понудија коефициент 4 на овој трансфер.

Близу до Јунајтед е поранешниот клуб на Мозес Кристал Палас (2007-2010). Коефициент дека тие ќе го доведат е 4.30, а меѓу кандидатите се Евертон (5.50), Вулверхемптон, Лестер, Ватфорд, Арсенал, Ливерпул …

Мозес се чини дека полека го пакува куферот, а ова ќе му биде четврто заминување од Стемфорд Бриџ, бидејќи тој претходно замина на позајмица во Ливерпул, Стоук Сити и Вест Хем Јунајтед.