Мбапе ја доби наградата за најдобар француски фудбалер во 2019 година.
Кајлијан Мбапе ја затвора 2019 година на најдобар можен начин.
Откако извојува повеќе награди во 2019 година и трофеи со ПСЖ и имаше фантастична сезона, една од најдобрите во неговата кариера – тој сега доби уште едно признание.
Тој е избран од „Франс Фудбал“, магазинот што ја дава и „Златната топка“, како најдобар француски фудбалер на годината што ја оставаме зад себе, оставајќи ги зад себе играчи како Антоан Гризман, Пол Погба и други.
Тој вели дека не го променил тоа што бил и дека секогаш се труди да го даде најдоброто на теренот и да биде клучен за ПСЖ.
Мбапе ветува многу повеќе, има само 21 година и веќе има постигнато над 120 голови во над 200 натпревари во кариерата.
За него се гледа како потомок на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.