Раководството на Баерн Минхен толку многу ги намали платите на вработените што беше откриено дека многу луѓе во организацијата работат за минимална плата. Клубот кој врти милиони евра, плаќа и фудбалски и кошаркарски ѕвезди со неверојатни суми, сега е казнет затоа што на некои од своите работници им исплатил минимална плата!
Клубот беше обвинет дека голем број вработени во клубот биле плаќани по 450 евра месечно, а нивните обврски за работа ги надминале оние законски дозволените кога станува збор за исплата на минималната плата во Германија. Поради овој прекршок, клубот од Минхен е казнет со 200.000 евра, а на клубот му е наложено и на своите работници да им исплати 45.500 евра заостанати исплати за социјално и здравствено осигурување. Наводно работниците кои биле вработени во младинските категории на клубот биле недоволно платени и им била исплатена минималната плата.
