Лионел Меси минатото лето пристигна во ПСЖ и јасно е дека се чувствува неисполнет.
Меси е најдобриот играч во историјата на светскиот фудбал. Сигурно ќе има и такви кои не мислат така, но бројките стојат зад Волшебникот од Росарио.
Аргентинецот е единствениот фудбалер со седум златни топки и тешко е за верување дека некој друг некогаш ќе ја достигне таа бројка. Тоа доволно кажува кој и што е овој човек во светот на фудбалот.
Сепак, играчкиот квалитет и светската репутација се нешто што ништо не му значи на Меси во ПСЖ, барем кога е во прашање соблекувалната на овој клуб.
За се е крив „разгалената“ ѕвезда Килијан Мбапе кој како мало дете сака се да се врти околу него во парискиот клуб, па тоа го плаќаат некои други играчи, исто како Меси.
Пред да го продолжи договорот со ПСЖ, арогантниот Французин побара низа неверојатни отстапки, на кои тие се согласија на Паркот на принцовите. Сепак, работите се поинакви на теренот.
Статусот на Меси во тимот на ПСЖ можеби најдобро го опишува изјавата на Кристоф Галтиер кога е во прашање изборот на изведувач на пеналот.
Во текот на својата кариера, Меси постигна десетици пенали и во Аргентина и во Барселона, но сето тоа не му смета во ПСЖ.
Верувале или не, Меси воопшто не е на списокот на изведувачи на пенали. Тоа се всушност Мбапе и Нејмар, што го потврди и самиот Галтиер.
„Се зависи од тоа кој е на теренот. Договорот е познат. Мбапе е прв изведувач, а Нејмар втор. Тоа беше договорено“, изјави Галтие.
На натпреварот против Монпеље Мбапе го промаши првиот пенал, а кога беше досуден вториот за ПСЖ побара да го изведе, а Нејмар не му дозволи.
Lig maçında kaçırılan birinci penaltının ardından Mbappe tekrar kullanmak istiyor; Neymar ise izin vermiyor.
Neymar/Messi ve Mbappe arasında sular durulmuyor gibi.
— Panenka Sport (@PanenkaSport) August 15, 2022
Меси стоеше до него и бледо набљудуваше што се случува. Ова беше јасен показател дека Аргентинецот всушност бара многу малку во соблекувалната на Пари.
Во последно време се шпекулира за враќање на Меси во Барселона. Неговиот договор со ПСЖ важи уште една сезона. Од сегашна перспектива, продолжувањето на соработката се чини дека е невозможна мисија.