ФУДБАЛ

Како да има катапулт во рацете: Некој топката не може со нога да ја испрати толку далеку како што може Алиреза со раката (ВИДЕО)

Иранскиот голман Алиреза Бејранванд (28) е познат по тоа што може со рака да ја испрати топката на голема далечина.

Се чини дека 28-годишниот фудбалер има катапулт во рацете, а тоа го покажа уште еднаш на вчерашните квалификациски натпревари за Светското првенство против Сирија.

Бејранванд ја исфрли топката речиси низ целиот терен и повторно предизвика големо внимание.

Некој не може ни да ја шутне топката колку што овој човек ја фрла со рака.

https://streamable.com/4o6fnb

Алиреза Бејранванд во моментов е член на португалскиот Боавиште. Пристигна таму како позајмен од Антверпен, Белгија, каде што пристигна во 2020 година.

Претходно, овој 28-годишен чувар на мрежата бранеше четири години за Парсополис и шест за Нафт Техеран.

За репрезентацијата дебитираше во 2014 година и одигра вкупно 45 натпревари во својот омилен дрес.