ФУДБАЛ

Како да не му е доста од се: Барселона го задава последниот удар на Пике?

Жерар Пике наскоро би можел да се раздели со Барселона, пишуваат шпанските медиуми.

Ова доаѓа како дел од планот на клубот да ги намали трошоците за платите на играчите. Да потсетиме, тие решија никому да не даваат повеќе од 10 милиони евра по сезона.

Информации на оваа тема даде радио станицата RAC1. Според нив, челниците на Барселона ќе се обидат Жерар Пике да го раскине договорот предвреме и да го напушти клубот. Доколку тоа се случи, Барса би можела да заштеди и до 80 милиони евра во следните две сезони.

Искусниот дефанзивец има валиден договор до крајот на јуни 2024 година и моментално е еден од најдобро платените играчи. Од избувнувањето на пандемијата, 35-годишниот играч значително ја намали својата плата за да му помогне на клубот да се справи со економските тешкотии.

Одлуката на Пике да си ја намали платата беше голем спас за Барселона. Кога се појавија информации за огромните финансиски проблеми на клубот, потегот на 35-годишниот играч значеше наоѓање дополнителни средства, овозможувајќи неколку трансфери во текот на зимскиот период.

Така, излегува дека Пике повторно може да му подаде рака на клубот, иако тоа би бил многу сериозен потег во овој случај.

Од RAC1 велат дека Барса смета на 35-годишникот да објави дека ќе се пензионира на крајот на следната сезона, а потоа клубот би заштедил 40 милиони евра. Сем Пике се уште не го коментирал ова.

Жерар Пике минатата сезона беше столб на одбраната на Барселона. Шпанскиот фудбалер минатата сезона одигра 39 натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола.

Да потсетиме, тој моментално е во големи приватни неволји бидејќи се разведе од Шакира со која беше во врска 12 години и со која има две деца, а фудбалот во моментов сигурно не е на прво место.