ФУДБАЛ

Како да знаеше што ќе се случи следно: „Верувајте ми, не сакате да бидете таму“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид во саботата по 14-ти пат стана европски шампион со победата против Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите (1:0).

Натпреварот на стадионот Сен Дени првично беше закажан за 21 часот, а потоа по нередите на навивачите прво беше преместен во 21 часот и 15 минути, а потоа и во 21 часот и 36 минути кога конечно почна.

Легендарниот француски напаѓач Тиери Анри изгледа знаеше што ќе следи. Во воведното шоу пред финалето тој јасно им стави до знаење на присутните во студиото дека не сакаат да бидат во Сен Дени.

„Финалето е во Сен Дени, а не во Париз. Верувај ми, не сакаш да бидеш во Сен Дени“, рече Анри.

Погледнете.

Да потсетиме, пред натпреварот група навивачи на Ливерпул се обиде насилно да влезе на стадионот без билети, а полицијата мораше да реагира.

Поради тоа, голем број луѓе кои имаа билети не влегоа на стадионот, а во сето тоа имаше неколку полесно повредени.