ФУДБАЛ

Како Флорентино легитимно го „згази“ Килијан

Претседателот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Флорентино Перез го пофали Винисиус Јуниор по вчерашниот Копа дел Реј.

Винисиус на феноменален начин го отвори натпреварот против Осасуна, кој ја измеша одбраната на овој тим, а потоа му асистираше на Родриго за водство, а потоа и самиот погоди. Повторно, тој беше еден од клучните играчи на Реал кога се во прашање одлучувачките натпревари.

„Винисиус е најдобриот играч во светот на својата позиција. Мораме да застанеме покрај играчите кои произведуваат нешто посебно како него“, рече Перез.

Бидејќи Флорентино секогаш внимателно размислува што зборува, не е исклучено со оваа изјава да сака да го „згази“ Килијан Мбапе бидејќи тоа е природна позиција за Французинот.

Како што е познато, Мбапе го „олади“ Перез минатото лето кога постоеше вербален договор меѓу двајцата, но фудбалерот реши да прифати продолжување на договорот со Пари Сен Жермен.