ФУДБАЛ

Како гром од ведро небо: Џек Вилшер стави крај на фудбалската кариера

Во фудбалскиот свет одекна веста дека Џек Вилшер ја заврши фудбалската кариера.

Англискиот фудбалер оваа одлука ја донесе со тешко срце, а на социјалните мрежи се прости со емотивно писмо и порака.

„Ги живеев моите соништа, благодарам на сите“, напиша Вилшер.

Споменатиот фудбалер кариерата ја започна во Арсенал каде ги мина сите млади категории, настапуваше за првиот тим и беше еден од најголемите светски таленти.

Откако Арсенал дојде период на повреди, лоши игри, тој замина на позајмица во Бурнемотух, Вест Хем, Архус каде ја играше минатата сезона.

Повредите си го направија своето, телото не можеше повеќе и на 30 години донел тешка одлука.

За репрезентацијата на Англија забележа 34 настапи со два гола, а додаде 19 настапи за младинските селекции на Англија.

Дали Вилшер во иднина ќе го гледаме и во други фудбалски улоги, како тренер, менаџер, ќе дознаеме во наредниот период.