Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски објави дека се повлекува од националниот дрес. Како што вели тој, не е во добри односи со селекторот Благоја Милевски, а како капитен на селекцијата го информирал дека работите во и околу фудбалската репрезентација се движат во погрешна насока.

-Ќе бидам искрен и краток. Како професионален фудбалер не трчате само на зелената трева по топката. Успехот доаѓа со план, визија, идеја, сплотеност и почит кон сите, само така можете да бидете успешни. Отсекогаш сум играл за репрезентацијата и се борев со сето срце. Ја сакам нашата соблекувална и на теренот и надвор од него. И покрај сите мои напори гледам дека работите во репрезентацијата одат во спротивна насока, што е видливо и во резултатите, истакнал капитенот, порача Ристовски преку социјалните мрежи.
