Шампионот во лесна категорија УФЦ, Хабиб Нурмагомедов објави крај на кариерата.
Веднаш по победата над Џастин Гаетже, тој објави дека ја напушта ММА и дека сака да се врати на село во планините на Дагестан, каде што порасна.
Неговото родно село во планините Дагестани се вика Силди. Хабиб ќе живее во скромен дом со своето семејство, далеку од сè.
Селото Силди се наоѓа во близина на границата со Чеченија. Најблискиот град е оддалечен 40 километри, нема интернет и телефон и во него живеат околу 200 други луѓе.

Училиштето и џамијата се секојдневна обврска за децата во ова село. Населението се занимава со земјоделство и одгледување кози и овци, а камион пристигнува во селото секој месец за да достави храна за живот.
https://youtu.be/g78mV7ncxIY
Хабиб не се срами од каде потекнува. Тој очигледно е подготвен да се врати таму, а минатата година објави снимки од посетата.