Зинедин Зидан нема добиено засилување ова лето.
Реал реши да се одмори во преодниот рок, но тимот не се смени премногу и шпанскиот шампион ќе влезе во новата сезона со скоро идентичен состав.
И Зидан ќе има многу опции за избор. Неговиот тим е комбинација на млади и искуство, и има широк избор на играчи на сите позиции.
„Марка“ ги претстави можните варијанти на составот на Реал за новата сезона. Зидан има можност да комбинира со млади фудбалери, и ќе видиме кој ќе има простор да игра.
