Фудбалерите на Челзи и Арсенал ќе се сретнат во финалето на Лига европа во Баку во среда, а Челзи би можел да биде значително ослабен на тој натпревар.
Имено, на една од последните тренинзи на Челзи пред патувањето за Азербејџан, играчот од средниот ред, Н’Голо Канте, се повреди.

Често нарекуван, белите дробови на тимот, неодамна се опорави од непријатна повреда на тетивата, а сега доживеа нова повреда, и веројатно нема да игра во финалето на Лига на Европа. Со отсуство на одличниот Канте шансите на Арсенал во натпреварот за трофејот значително се зголеми.
Освен французинот, нема да играат Лофтус Чик и Хадсон-Одои, кои исто така се повредени, па тројката во средниот ред веројатно ќе биде Жоржињо, Баркли и Ковачиќ.