Македонија во полуфиналниот плеј-оф за пласман на СП ќе игра против Данска. Досега со оваа селекција имаме три меча, една победа, еден пораз и едно реми. Во квалификациите за пласман на ЕП 1996-та бевме во иста група со нив. Во Скопје мечот заврши 1:1. Македониај водеше до 87-та минута со голот на Митко Стојковски, но Данците израмнија на три минути пред крајот на мечот. Вреди да се напомене дека тогаш речиси цело полувреме игравме со играч помалку откако Дарко Панчев заработи црвен картон поради удирање со лакт на противнички играч. Мечот на гостински терен го загубивме со 1:0.
Последниот дуел го одигравме во 2013-та година, во Скопје и тоа беше пријателски меч. Македонија одигра фантастично и победи со 3:0. Пандев постигна гол за водство, Агим Ибраими со прекрасен слалом зголеми на 2:0, а конечните 3:0 ги постави Николче Новески. Игра на судбина или не, токму овие тројца во моментов се на раководни позиции во ФФМ. Горан Пандев, Агим Ибраими и Николче Новески се во кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ како во улога на директори. Да се повтори 2013-та не би имале ништо против.
