Наполи обезбеди драматична победа од 0-1 против Јувентус во неделата, за да може и математички да биде крунисан за шампион на Италија веќе следниот викенд.
Тие се оддалечија на 17 бода повеќе од второпласираниот Лацио благодарение на победата од 1-0 во Торино, инспирирана од доцниот гол на Распадори. Тоа значи дека ако Наполи успее да ја победи Салернитана, а Лацио не успее да собере бодови против Интер, тогаш тимот на Лучијано Спалети и официјално ќе биде крунисан за шампион следниот викенд.
Преостануваат уште седум натпревари во Серија А во сезоната, така што има уште потенцијално 21 бод до крајот. Наполи сега може да биде крунисан за шампион на Италија следната недела ако ја победи Салернитана на стадионот Диего Марадона во сабота и Лацио ремизира или загуби од Интер на Сан Сиро во недела.
Навивачите на Наполи чекаат да ја освојат третата титула во Серија А од 1990 година кога го освоија своето второ Скудето за време на ерата на Диего Армандо Марадона. Сезонава на 31 натпревар освоија 78 бода со 25 победи, три нерешени и три порази.
Емотивниот Лучијано Спалети
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети беше исклучително емотивен по победата против Јувентус. Тој за прв пат отворено зборуваше за освојувањето на титулата во Серија А.
„На овој начин се исплати за сите жртви што ги направивте низ годините. Кога добивате важни натпревари како овој против противници од ова ниво и сте толку блиску до крајот на сезоната, тоа се последните клинци за конечниот триумф. Па нормално дека играчите славеа, особено кога постигнавме гол на крајот, што го направи уште повозбудливо“, изјави Спалети по натпреварот.
