ФУДБАЛ

Како Пеп Гвардиола ги „спушти“ навивачите на Ливерпул (ВИДЕО)

Ливерпул го совлада Манчестер Сити во дербито со 2:0, а иако има многу до крајот, сепак според формата и резултатите на останатите екипи, се чини дека „Црвените“ од Енфилд чекорат кон титулата. На овој меч навивачите на Ливерпул почнаа да му скандираат „Ќе добиеш отказ“, Пеп Гвардиола со гестикулација со рацете покажа на неговите шест титули освоени во изминатите години, откако е тој тренер на Сити, наспроти едната титула на Ливерпул.