ФУДБАЛ

Како пред 30 години: Новите дресови на Барселона се апсолутна романса

Познатата веб-страница Footy Headlines објави фотографии од новиот дизајн на домашниот дрес на Барселона за сезоната 2022/2023.

Како што пишуваат шпанските медиуми, тој бил инспириран од Олимписките игри во 1992 година, кои се одржале во главниот град на Каталонија.

Сезона 2021/2022. се уште трае, но Барселона веќе ги загуби шансите за успех во сите натпреварувања. Затоа на Камп Ноу се во тек интензивни подготовки за следната сезона. Освен спортските планови, за клубот е важен и деловниот аспект. Затоа, клубот веќе го подготви дизајнот на новите дресови.

На приложените фотографии може да се види дека маичката има традиционални бордо и црвени риги и дискретни сини риги сместени на ракавите, вратот… Но се уште нема лого на новиот спонзор – шведскиот стриминг сервис Spotify. Треба да има златна боја, исто како логото на производителот на дресови, американската компанија Најк.

https://twitter.com/Footy_Headlines/status/1519010431536349184

Според каталонскиот дневен весник „Спорт“, дизајнот на новиот дрес е инспириран од Олимписките игри одржани во Барселона во 1992 година и трансформацијата што градот ја доживеа во последните години.

Барселона претрпе голема трансформација оваа сезона. Новиот тренер Чави Ернандез, кој го замени Роналд Куман во октомври, доби задача да направи револуција и засега му оди прилично добро.

Тимот под негово водство дефинитивно ги подобри резултатите, но пред се стилот на игра. Значајни промени се направени и во однос на трансферите бидејќи се приклучија играчи како Пјер-Емерик Обамејанг и Феран Торес.