Барселона денес освои само еден бод на натпреварот против Кадиз (1:1).
Каталонците водеа до 89-та минута, а потоа гостите израмнија со гол од белата точка, и го шокираа домашниот тим, кој се чинеше дека веќе постигна три бода на овој натпревар.
За Барселона ова беше нова шлаканица по дебаклот во Лигата на шампионите против ПСЖ, а како што се очекуваше, тренерот Роналд Куман беше тешко погоден.
Каталонците сепак изгледаа како разбиена армија и сè се засноваше на тоа што би направил Лионел Меси. После натпреварот, навивачите имаа најмногу критики кон средниот ред, што беше скоро невидливо и денес.

Ова најдобро го покажува една ситуација од финишот на натпреварот кога се виде како Барселона воопшто да нема среден ред. До пред неколку години тука доминираа Чави и Андрес Иниеста, а денес станува збор за сосема друга приказна.