Еден од најдобрите романски фудбалери Адријан Муту немаше лесен старт во Интер и општо за заборавање е дека еден период помина во градот на модата.
Неговата кариера ја одбележаа скандали, вклучувајќи ги и потврдените обвинувања за употреба на кокаин, за што мораше да плати дури 17 милиони евра отштета на својот поранешен клуб Челзи.
Тој во 1999 година се пресели од Динамо Букурешт во Интер, каде што остана кратко и не постигна ниту еден гол на едвај 10 настапи, но тоа не е чудно бидејќи Интер тогаш имаше големи мајстори во своите редови, меѓу кои и Роналдо во нападот.
Легендарниот Бразилец е тој што го „пречека“ младиот Романец веднаш по пристигнувањето во тренинг центарот.
„Кога првпат дојдов во Интер со Алфа Ромео, отидов да го оставам автомобилот на паркинг. Роналдо излезе и ме праша со кој автомобил дојдов. Со Алфа Ромео, му одговорив, тоа ми го даде клубот. Потоа тој ми кажа дека ова е паркинг 1, само за Ферари и Ламборџини и да се префрлам на паркингот бр. 3, каде што се паркирани „послаби“ коли. Излегов и се вратив во соблекувалната, која беше оддалечена околу пет минути.“, рече Муту, продолжувајќи:
„Подоцна ги запознав Роналдо и другите ѕвезди на Интер на автопат, јас со Алфа, поминаа, застанаа и се ракуваа. Тоа беше шампионски менталитет. Кога одиш во Интер, не се оди со Алфа, туку со Ферари, Ламборџини и други моќни автомобили. Роналдо ми рече дека морам да се облекувам добро, да изгледам добро и да возам скапи автомобили бидејќи играм за Интер“.
Во Интер, Муту беше колега со играчи како Роналдо, Виери, Баџо, Занети, Лоран Блако, Перуци, Панучи, Заморан и Рекоба.
Но, за негова жал, таа авантура кратко траеше, па се пресели во Верона, подоцна во Парма, па во Челзи и се врати во Италија каде играше за Јувентус, Фиорентина, Чезена, а потоа смени неколку земји и официјално ја заврши кариерата во 2016 година