ФУДБАЛ

Како Шаќири ја прифати одлуката на Клоп?

Швајцарскиот фудбалер Џердан Шаќири вечерва нема да се натпреварува против Црвена Звезда во Белград.

Причината за неговото исклучување од тимот е желбата на Ливерпул, да ги избегне несаканите тензии на стадионот, бидејќи Шаќири е не пожелна личност во Србија, откако голот против Србија на светското првенство го прослави со двоглав орел.

Одлуката за Шаќири да остане во Ливерпул, ја донесе лично Јирген Клоп, кој зборуваше за тоа на вчерашната прес-конференција.

“Доаѓаме како тим и ви го претставуваме еден од најголемите клубови во светот, па ние сме тука да игра фудбал и сакаме да се фокусираме на тоа и тоа е тоа. Луѓето знаат каква е ситуацијата, па затоа одлучивме така. Џердан ќе игра многу повеќе натпревари за нас, но не и тој против Звезда”, изјави Клоп.

Запрашан како Шакири одговори на неговата одлука, Клоп одговори:

“Па, нормално. Често носев вакви одлуки за играчите и тие секогаш беа добро прифатени.”

“На нашиот Веб-сајт има соопштение кој секој може да го прочита. Тука дојдовме за да играме фудбал и ние сме сконцентрирани на тоа. Тоа е се што е важно”, заклучи Клоп.