ФУДБАЛ

Како во филмовите: Неверојатно е како Манчестер Јунајтед остана без Халанд во јануари

Ерлинг Халанд е секако еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа во моментов затоа што дава одлични резултати во дресот на Борусија Дортмунд.

Халанд се прослави со игрите во Ред Бул Салцбург, а по фантастичната полусезона на почетокот на оваа година, потпиша за Дортмунд. Германскиот клуб плати „само“ 20 милиони евра и неговото доаѓање беше полн погодок.

Но, познато е дека младиот Норвежанец беше на чекор до Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок. Многумина веруваа дека тој ќе игра за „црвените ѓаволи“, но тој на крајот потпиша за Дортмунд.

Скоро десет месеци подоцна, англиските медиуми открија зошто не успеало доаѓањето на овој 20-годишен напаѓач во Театарот на соништата.

Имено, како што пишува ЕСПН, Халанд минатата година имаше интервју со Оле Гунар Солскјаер и се согласи да замине во Јунајтед, што го воодушеви тренерот на овој клуб.

И кога сè беше договорено, извршниот директор Ед Вудвард реши да запре сè самостојно. Трансферот требаше да изнесува 20 милиони евра, но на Вудвард не му се допадна колку пари ќе добие агентот на Халанд и реши да запре сè.

На сите сега им е јасно каква грешка направи Вудвард и какво засилување му одби на Манчестер Јунајтед.