ФУДБАЛ

Како заврши заборавениот ас кој Фергусон го претстави заедно со Роналдо?

Вообичаено од секое големо натпреварување се раѓа фудбалер, за кој почнуваат да се натпреваруваат најбогатите клубови во светот.

 

Во 2002 година, предводен од Роналдо, Роналдињо и Ривалдо, Бразил по петти пат стана најдобрата репрезентација на светот.

 

Тогашниот тренер на Селекао Луис Филипе Сколари на Светското првенство го предводеше и тогаш 23-годишниот играч од средниот ред Хозе Клеберсоне Переира, кој беше играч за задача.

Клеберсон одигра пет натпревари на Светското првенство. Во финалето го одигра целиот натпревар и беше асистент во триумфот над Германија.

 

Тоа беше поттик за европските гиганти да почнат да го грабнуваат. Во Европа пристигна во 2003. За Манчестер Јунајтед потпиша трансфер вреден 9 милиони евра.

Бразилецот беше претставен заедно со идната светска ѕвезда Кристијано Роналдо, кој пристигна од Спортинг за 19 милиони евра.

 

Клеберсон и Роналдо потоа позираа заедно со Сер Алекс Фергусон и од нив се очекуваа големи работи. Едниот ги оправда, другиот не.

 

Португалецот значително се подобри во следните години и веќе важи за еден од најдобрите играчи на сите времиња, додека истото не може да се каже за Бразилецот.

Веќе на вториот меч Клеберсон се повреди, а за две сезони успеа да собере 20 настапи со два гола и една победа во ФА Купот. После тоа замина во Бешикташ.

 

Ниту во Турција не се снајде баш најдобро, па реши да се врати во родниот Бразил, потпишувајќи за Фламенго, каде повторно почна да се истакнува и заработи повик во репрезентацијата, со која го освои и Купот на Конфедерации.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kleberson (@klebersonk15)

Во есента на кариерата играше во неколку клубови во САД, каде што сè уште живее откако ги обеси копачките во 2017 година. Особено во неговото срце останаа Филадефија и клубот Унион таму.

Тој веднаш се посвети на тренерските тренинзи, откако пред неколку недели беше ангажиран во стручниот штаб на Њујорк Сити како еден од тренерите.