ФУДБАЛ

Каков договор има Халанд и каде може да оди: Гвардиола сега расчисти се!

Манчестер Сити го декласираше Копенхаген со 5:0, а Ерлинг Халанд се истакна со два гола.

 

Халанд е во неверојатна форма и навистина изгледа невозможно да се запре.

 

Тој е првиот фудбалер кој успеал да постигне барем еден гол на првите четири меча во Премиершип, а првиот што постигнал хет-трик на три последователни натпревари на домашен терен во англиското првенство, што е фантастичен податок.

Халанд успеа да стане првиот фудбалер кој постигнал голови на своето деби за различни клубови во Лигата на шампионите.

 

Веќе подолго време кружат шпекулации дека Норвежанецот е голема желба на Реал Мадрид и дека во договорот има опција да го напушти Мадрид по две сезони. Пеп Гвардиола тврди дека тоа не е вистина.

 

Тоа не е точно. Халанд нема клаузула за Реал Мадрид или некој друг клуб. Тоа едноставно не е точно. Што друго да кажам“, изјави Гвардиола.

 

Тој додаде дека Норвежанецот е многу среќен во Сити и дека сигурно не размислува за други клубови.

Трансфер сагата со Халанд во главната улога траеше со месеци. Норвежанецот беше поврзуван со неколку фудбалски гиганти како Реал Мадрид и Баерн Минхен, а на крајот потпиша за Сити за 60 милиони евра.

 

Пеп Гвардиола пред натпреварот против Борусија Дортмунд во 2.коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд беше запрашан како реагирал на веста за трансферот на Халанд која му ја соопштила Тксики Бегиристајн.

 

Новинарите секако очекуваа подолга изјава во која Шпанецот ќе открие колку е задоволен што напаѓачот пристигна на „Етихад“, но Гвардиола само се насмеа и даде многу краток одговор.

 

„Разговарав со Тксики Бегиристајн две секунди. Само реков „Добро, добро“, одговори Гвардиола на тогашното новинарско прашање.

 

Искусниот специјалист знаеше дека добил големо засилување, а тоа се потврдува од меч во меч. Норвежанецот ги руши сите рекорди и се поставува прашањето до каде е неговата граница. Дали воопшто има…