ФУДБАЛ

Каков гест, фудбалери се откажаа од половина од својата плата, за да можат другите да бидат платени

Пандемијата на коронавирус ги сопре фудбалските мечеви ширум Европа, па со самото тоа и Бундеслигата. Ова донесе големи финансиски проблеми на клубовите.

Германски „Дојче Веле“ објави дека фудбалерите, стручниот штаб и челниците на клубот на Борусија Менхенгладбах одлучиле да се откажат од половина од своите плати, за да може клубот во наредните денови да ги плаќа останатите вработени.

Спортскиот директор на клубот Маџ Еберл, изјави дека е горд на своите играчи.

-Заедно сме со Борусија и во добри и во тешки моменти. Сакаат со нешто да му возвратат на клубот, но и на навивачите кои ги поддржуваат, изјави Еберл.

 

ПОВРЗАНО

Бундеслига