Данскиот ракометар, Расмус Бојсен, го објави својот избор на идеалниот тим на Металург, од времето кога беше битен фактор на меѓународната сцена.
Тимот избран од Расмус Бојсен изгледа моќно и во него немаше место дури и за такви светски ракометни имиња како Циндриќ, Атман, Борозан, Марсениќ, Димовски, Илиќ и други.

На голот Бојсен го стави Дарко Станиќ, кој своите најдобри партии во кариерата ги имаше токму во Металург. На крилните позиции се поставени македонските репрезентативци Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, додека бековската линија ја сочинуваат Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец. Најдобар пикер е Младен Ракчевиќ, а за најдобар дефанзивец е поставен Ацо Јоноски. Најдобар тренер е очекувано Лино Червар.
Извор: РК Металург