ФУДБАЛ

Каков татко, таков син: Неверојатен гол на синот на Златан! (ВИДЕО)

Синот на Златан Ибрахимовиќ, 14-годишниот Максимилијан, постигна вистински спектакуларен гол.

Видео на ова момче постигнувајќи вистински феноменален гол во стилот на неговиот славен татко се појави на социјалната мрежа TikTok.

https://www.instagram.com/p/CA5lAuyAhlY/?utm_source=ig_embed

Наводно, Максимилијан се смета за голем талент и многумина веруваат дека тој наскоро ќе го наследи неговиот татко во еден од големите клубови во Европа.

Тој има талент и останува да се види дали ќе има волја и желба да ги следи стапките на татко му.

Овој гол е доказ дека може да биде така.