РАКОМЕТ

Каква драма, каков Вардар, ново финале

РК Вардар ќе игра ново финале во регионалната СЕХА лига. По вечерашната вистинска драма против ППД Загреб, на Ф4 во Задар, „црвено-црните“ по изведувањето на пенали славеа победа, откако регуларниот дел заврши 26:26.

Во пенал серијата Борко Ристовски  со две интервенции го одведе Вардар во ново големо финале.

Победата е уште поголема ако се знае дека Вардар имаше негатива од шест голови на моменти, по што се врати, а дури на крајот обезбеди финале.

Десингер и Дибиров со шест погодоци беа најефикасни, додека на спротивната страна Мандиќ предводеше со осум голови.

Финалето против Веспрем се игра на 6-ти септември, односно недела со почеток во 20:30 часот.

ПОВРЗАНО

СЕХА ЛигаВардар