ФУДБАЛ

Каква е судбината на Обамејанг во Арсенал?

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета немаше одговор на прашањето кога Пјер-Емерик Обамејанг би можел да се врати во тимот.

Дуелот против Сандерленд во Лига купот беше четвртиот што го пропушти Обамејанг. Следниот натпревар лондонскиот тим го игра против Норич во недела, а новинарите се интересираа каква е ситуацијата со 32-годишниот играч и дали тој наскоро ќе се врати во тимот.

„Ајде да одиме меч по меч. Ќе го одредам тимот за претстојниот дуел кога ќе се доближи.“

На изјавата дека на некој начин навестува враќање на поранешниот капитен, Артета одговори:

„Реков дека ќе одлучам ден пред натпреварот. Денеска е среда, па не знам кој ќе игра“.

Запрашан дали Обамејанг треба да се извини, менаџерот на лондонскиот тим рече:

„Во овој клуб покажавме дека секој има право на грешка, или да постапува и размислува поинаку. Го прифаќам тоа. Но, тоа не е поентата“.

Потсетуваме, англиските медиуми објавија дека Обамејанг ја напуштил Велика Британија без дозвола од клубот да се тетовира. После тоа беше исфрлен од тимот, а набрзо остана и без капитенската лента.