Македонската фудбалска репрезентација денеска ги дозна противниците во групата за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Нашата селекција е во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.
Ако се гледа според квалитетот на противниците, секако може да се заклучи дека имаме само една голема пречка, а тоа е селекцијата на Белгија, која засега не е онаа старата од пред неколку години кога газеше се пред себе.
