Италијанскиот тим Аталанта се враќа со голема, би рекле огромна победа од гостувањето кај Ливерпул во четвртфиналето во ЛЕ откако славеа со убедливи 3:0. Резултатот секако е шокирачки бидејќи Ливерпул важеше за голем фаворит. Скамака два пати и еднаш Пашалиќ погодија за победа на Аталанта. Знаејќи го Ливерпул се уште ништо не е готово иако е голема предноста на Аталанта, но англискиот тим навистина ќе има супер тешка задача на реваншот доколку сака полуфинале.
РЕЗУЛТАТИ ЛЕ, ЧЕТВРТФИНАЛЕ, ПРВ МЕЧ
МИЛАН – РОМА 0:1
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ВЕСТ ХЕМ 2:0
БЕНФИКА -МАРСЕЈ 2:1
ЛИВЕРПУЛ – АТАЛАНТА 0:3
