Доколку Германците ја освојат третата европска круна Ракометната федерација на Германија ќе им додели премија од 250.000 евра, најави потпретседателот на ДХБ, Боб Ханинг. Среброто вреди 200.000, а бронзата е 150.000 евра.
Германците истата премија ја имаа и во 2016 година, а доколку лани на СП, кое го организираа заедно со Данска стигнеа до златниот медал ќе добиеја награда од 450.000 евра.