Хрватскиот тим Динамо Загреб имаше фантастична вечер. Во премиерниот меч од групната фаза од Лигата на шампионите го совладаа големиот Челзи. Орсиќ во 13-та го постигна единствениот гол на мечот за голема победа на Динамо по една сјајна контра откао претрча половина терен.
До крајот на мечот Челзи напаѓаше доста, но одбраната и голот на домаќините издржаа. Имаше Динамо уште една добра шанса за 2:0, но голманот Кепа во овој случај ги спаси.
Македонските репрезентативци Стефан Ристовски играше цел меч, додека Адеми беше на теренот до 88-ма минута.
На 14-ти септември Динамо гостува на Милан, додека Челзи на домашен терен игра против Салцбуг.