Томас Тухел имаше одлично деби на клупата на Баерн Минхен. На својот прв меч во новиот клуб славеше со убедливо 4:2 во дуелот со конкурентот Борусија Дортмунд. По првото полувреме Баерн Минхен водеше и со 3:0 со двата гола на Милер и еден автогол на Кобел. Во 51-та минута Коман зголеми на 4:0, па малку дојде до опуштање, што и овозможи на Борусија Дортмунд да постигнат два гола, преку Чан и Мален но тоа не беше доволно за избегнување на пораз.
Какво деби на Тухел на клупата на Баерн Минхен, ја прегази Борусија Дортмунд (ВИДЕО)
